Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во центарот на италијански град осамнаа југословенски знамиња! – Mногубројни негативни реакции: „Одвратен гест на провокатор“
Македонија

Во центарот на италијански град осамнаа југословенски знамиња! – Mногубројни негативни реакции: „Одвратен гест на провокатор“

01/04/2025

AA

Во саботата вечерта, на 29 март, на прозорците на зградата на улицата Корсо Верди, во центарот на Горица, Италија, се појавија југословенски знамиња со црвена ѕвезда. Знамињата беа закачени на прозорците на првиот кат од зградата која се наоѓа веднаш до градскиот парк.

Авторите на иницијативата првично беа непознати, а самиот чин предизвика бројни негативни реакции кај граѓаните и брза осуда од градските власти, пишува Радио Каподистрија.

Градската управа остро го осуди настанот, нарекувајќи го „беден гест“ и ги обвини непознатите сторители за величање на еден од историските тоталитаризми.

„Кои и да се провокаторите, тие се разоткрија“, велат од Градот.

Иако на почетокот не се знаеше кој стои зад акцијата, 24 часа подоцна беше откриено дека станува збор за иницијатива на здружението за промоција на општествените активности „Агоре“, кое функционира токму во тој објект и организира изложби и настани.

„Решивме да ги поставиме знамињата по повод затворањето на нашата последна изложба“, изјавија тие за дневниот весник „Ил Пиколо“.

„Далеку од славење на тој историски период – се работи за филолошка реконструкција, ако навистина сакате, уметнички чин“, додаваат тие.

Нивното објаснување не беше доволно за да се запре бранот полемики, особено во контекст на чувствителната политичка клима во Горица, град кој во последните месеци беше во фокусот на медиумите не само поради титулата Европска престолнина на културата (GO!2025), туку и поради низата контроверзии. Меѓу нив се одбивањето да му се одземе почесното државјанство на Мусолини, дискусиите за натписот „Тито“ на ридот Саботино, како и прославите поврзани со фашистичката единица X MAS.

Во овој контекст, многумина ја доживеаја изложбата на знамето како наивна, па дури и неискрена провокација.

„Можеби некој би можел да каже дека се корисни идиоти, но не, тие се едноставно идиоти“, напиша на социјалните мрежи Liga Nazionale од Горица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
Македонија

Пожарот кај Македонски Брод навлегува кон „Јасен“, активирани сите три

07/09/2026
Македонија

Метеоаларм за утре: Високи температури низ цела Македонија!

07/09/2026
Македонија

Пријавен 62-годишник од Свети Николе: Сомнение дека присвоил 82.180 денари

07/09/2026
Македонија

Скопје добива 3.300 нови контејнери, набавката е двојно поевтина од

07/09/2026
Македонија

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000

07/09/2026
Македонија

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на македонско-косовската граница е ставен под контрола

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45525
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy