
ВО БЛИЗИНА НА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА: Пронајден е ракетен фрлач на Косово
Пронајден е ракетен фрлач на Косово, во близина на границата со Србија.
Тој е пронајден завиткан во црна кеса во граничната област Зубин Поток, кај селото Клечка. Информацијата ја соопшти заменик-директорот на полицијата за Северна Митровица, Ветон Елшани, кој вели дека нема осомничени или уапсени лица во врска со случајот. Тој додаде дека областа каде што е пронајден овој ракетен фрлач е многу блиску до границата со Србија. Утврдено е дека се работи со ракетен фрлач М80 калибар 64 милиметри.
Фото: Косовска полиција