Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Бигорски манастир одржана панихида за великанот Гоце Делчев
Македонија

Во Бигорски манастир одржана панихида за великанот Гоце Делчев

04/02/2023

AA

Еписокоп Партениј и Бигорското братство одржаа панихида за Гоце Делчев по повод 151-годишнина од неговото раѓање.

– Се чини дека во денешното македонско потсончевие, по имињата на нашите рамноапостолни отци и просветители, нема послаткозвучно име на народен делател од тоа на Гоце Делчев. Самото негово спомнување причинува, или би требало да причинува, благородни чувства кај секој современ Македонец. Чесно, праведно и достојно е да се гордееме со еден таков духовен исполин, чијшто мисловен и идеолошки склоп го прави подеднакво голем и важечки и денес, рече меѓу другото во своето обраќање, владиката Партениј.

Тој додаде дека и кога не би знаеле ништо за неговиот живот, би можеле да го сфатиме ова само од неговиот светоглед, преточен во зборовите што излегле од неговата умносрдечност, „јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“.

– Овој силогизам, произлезен од длабокото и практично животно љубомудрие, го покажува Делчев како евангелски крин изникнат од македонската почва, кој ја краси идејата за личноста и за човештвото. Со други зборови, роден во Македонија и воспитан во домородната христијанска култура и философија, Гоце Делчев, туѓ на секаков национализам и шовинизам, е граѓанин на светот, или, можеби подобро речено, граѓанин над светот. Вонвременски и сепросторен културен и култен идеолог и деец, посочи тој.

Владиката Партениј рече дека ќе заврши со пророчките зборови на најблискиот другар и соподвижник на Делчев, а воедно и негов прв животописец, Пејо Јаворов. Тие биле „запишани во предговорот на неговата книга „Гоце Делчев“, објавена една година по херојската смрт на апостолот“.

– Илјадници образи на загинати во цветна младост, борци, греат со непомрачениот блесок на едно беспримерно себеодрекување, на едно беззаветно самопожртвување. Меѓу нив, сепак, секогаш ќе го зазема првото место ликот на човекот, чијашто најдобра биографија еден ден ќе биде пространата историја на македонското револуционерно движење од почеток досега. Името на тој човек стои како заглавие на нашата книга. Нека му биде споменот вечен, посака епископ г. Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир на одржаната панихида по повод 151-годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy