Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во 2025 регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија
Македонија

Во 2025 регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија

30/11/2025

AA

На 1 декември, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите ширум светот го одбележуваат Светскиот ден за борба против СИДА 2025 под мотото „Надминување на нарушувањата, трансформирање на одговорот кон СИДА“. Апелот е јасен — потребни се континуирано политичко лидерство, меѓународна солидарност и почитување на човековите права за конечно ставaње крај на СИДА до 2030 година.

Според глобалните податоци, ХИВ и понатаму претставува водечки јавно-здравствен проблем. Досега во светот се регистрирани околу 44,1 милиони смртни случаи, а вирусот се пренесува во секоја земја, без исклучок. На крајот на 2024 година, 40,8 милиони луѓе живееле со ХИВ, од кои 65% во африканскиот регион на СЗО. Минатата година, 630.000 лица починале од состојби поврзани со ХИВ, а 1,3 милиони луѓе се заразиле со вирусот.

Иако лек за ХИВ сè уште не постои, напредокот во превенцијата, дијагностиката и антиретровирусниот третман ја трансформираше болеста од смртоносна во хронична состојба. Денес, луѓето со ХИВ — со навремен пристап до терапија и соодветна грижа — можат да водат долг и здрав живот.

Во 2024 година, од сите лица кои живеат со ХИВ:

СЗО ги потсетува државите на целите за 2025 година — 95% од сите лица со ХИВ да имаат дијагноза, 95% од нив да примаат терапија и 95% од оние на терапија да постигнат вирусна супресија. Овие цели се клучни за спречување на нови инфекции и спасување животи.

Македонија останува земја со ниска преваленца на ХИВ, но податоците укажуваат на постепено зголемување во последната деценија. Во 2025 година, заклучно со 27 ноември, се регистрирани 38 нови случаи, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. Овој број е за 25,5% понизок од истиот период во 2024 година, кога се регистрирале 51 нов случај.

Најголем број нови случаи во 2025 се со место на живеење во Скопје (15 случаи), со инциденца од 2,5/100.000 жители. Останатите случаи се распоредени како спорадични во уште 14 градови низ државата. Еден регистриран случај е страно државјанство.

Во 2025 година се потврдени 8 смртни случаи поврзани со СИДА.

Од новорегистрираните случаи:

Просечната возраст е 35 години, со распон од 23 до 64 години, а 73,7% се на возраст од 20 до 39 години — група која традиционално е најизложена на ризик.

Од пријавите со достапен податок:

Овие бројки ја потврдуваат тенденцијата од последните 15 години, според која мажите кои имаат сексуални односи со мажи остануваат најизложена ризична група.

Од појавата на ХИВ во Македонија до денес, се регистрирани 726 случаи, од кои:

32% од сите случаи се регистрирани во последните пет години — јасен сигнал за интензивирање на трендот и потреба од засилени превентивни стратегии.

Најпогодена е возрасната група од 20 до 39 години, која сочинува 73% од сите случаи, додека на младите под 19 години отпаѓаат помалку од 2%.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
Македонија

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026
Македонија

Петок неработен ден за православните верници

24/08/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 83-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Трајан последен пат виден во Кисела Вода

24/08/2026
Македонија

Шестгодишно дете тешко повредено во Тетово, таткото го прегазил со

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45224
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж: Активни неколку жаришта во земјава

24/08/2026

Скопје денеска беше обвиено со чад и мирис на гареж, додека активните пожари во околината на главниот град продолжуваат да

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026

Жителите на велешките села Иванковци и Кумарино не смеат да ја користат водата од селските водоводи за пиење, соопштија денеска

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026

На ден 24.08.2026 година, до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 7 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy