Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Внукот на Али Ахмети го купува Бизнис центарот Соравиа во Скопје
Македонија

Внукот на Али Ахмети го купува Бизнис центарот Соравиа во Скопје

22/06/2023

AA

Фирмата „Тхор индустрис“ во сопственост на Дрин Ахмеди од Кичево во која самиот Ахмеди е управител заедно со Егзона Ризмани ја купува Соравија и бизнис центарот со исто мене во центарот на Скопје.

Веб медиумот mkd.mk објави дека Дрин Ахмеди е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети односно е син на неговиот брат.

Фирмата „Тхор Индустрис“ на член на семејството Ахмети заедно со фирмата „Пе-вла-ку ШПК“ од Албанија ја купува Соравија, за што извести и Комисијата за заштита на конкуренција со одлука објавена на 15-ти јуни.

И двете фирми имаат адреси во Соравија центарот односно и „Тхор“ и македонската подружница на „Пе-вла-ку“ се сместени на 11 кат во бизнис центарот. Досега биле кираџии, но сега го откупуваат целиот центар. Егзона Ризмани која е управител на „Тхор“ истовремено е и овластено лице на фирмата од Албанија, покажуваат податоците од Централниот регистар.

„Тхор“ на внукот на лидерот на ДУИ е формирана во ноември 2020-тата година.

Во документот на антимонополската Комисија за заштита на конкуренција стојат само неколку податоци за фирмата на Ахмеди кој според МКД.мк е син на Фекри Ахмети од Зајас:

ТХОР ИНДУСТРИЕС е друштво основано во 2020 година, според законите на Северна Македонија. Основната дејност на ТХОР ИНДУСТРИЕС регистрирана во Трговскиот регистар на Северна Македонија е: развој на градежни проекти. ТХОР ИНДУСТРИЕС има подружница во Северна Македонија – ТХОР ИТ СИСТЕМС Скопје со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр. 3/11кат, Скопје – Центар, која врши компјутерско консултантски дејности.

За разлика од домашната компанија, фирмата од Албанија има поголемо досие во одлуката на Комисијата и во неа стои дека во Македонија ќе се занимава со развој на граежни проекти.

-ПЕ-ВЛА-КУ е една од најголемите градежни компании во Албанија и Косово, основана во 2005 година. Во своето постоење, а особено во последните години, ПЕВЛА-КУ има планирано и успешно реализирано десетици градежни проекти. ПЕВЛА-КУ има направено успешни чекори во слободната пазарна економија и со своите проекти беше дел од развојот на двете земји. Со искуство од над 14 години, нивната работа, работење и делување се проширува и тие се присутни во многу зони на Албанија и Косово, напиша КЗК во одлуката од 15-ти јуни.

Со зделката од австриската Соравија се откупува големиот деловен објект во центарот на Скопје кој има над 13.000 метри квадратни деловен простор и околу 2.500 квадрати трговски простор, а објектот е поврзан со ГТЦ.

Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. МКД.МК објави дека Еверест на внукот на Али Ахмети има добиено и повеќе тендери.

Најмногу тендери, Еверест (претходно регистрирана во Зајас и во Букојчани, а сега со адреса во Кичево) според јавно достапните податоци, има добиено од ЕСМ односно од електраната РЕК Осломеј.

Кичевската електрана во три наврати купила тампон односно „Доломитски или калциски сепариран варовник“ од фирмата на внукот на Али Ахмети. Последната зделка е од 3-ти мај оваа година кога РЕК Осломеј купил материјал за тампонирање од „Еверест“ во сопственост на Ахмети од Зајас, во вредност од 3.540.000 денари односно околу 57 илјади евра.

Еверест, трите тендери ги добил во 2019-та, 2022-ра и во 2023-та година, а РЕК Осломеј односно Електрани купиле тампон од оваа кичевска фирма за вкупно 7.670.000 денари (околу 125 илјади евра).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy