Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Внимавајте како возите: Од утре ќе ве снима „Сејф сити“!
Македонија

Внимавајте како возите: Од утре ќе ве снима „Сејф сити“!

30/11/2025

AA

Од утре стартува системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци преку камерите на „Сејф сити“. До Нова година ќе трае пробен период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни. Од јануари санкциите ќе бидат целосно активни.

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, најавува нулта толеранција кон прекршувањата, без разлика дали се во населено место или на автопат. Сопствениците на возила ќе добиваат СМС и е-пошта со записник и платен налог. Во првите осум дена ќе може да се плати половина казна, а по истекот – целосен износ.

На почеток системот ќе регистрира пречекорување брзина, минување на црвено, возење без важечка сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Планирано е проширување на типот на прекршоци во следната фаза.

МВР веќе поставува камери во Скопје, Тетово, Куманово, како и на автопатите и експресните патишта на коридорите 8 и 10. До средината на 2026 година системот треба да покрие целата држава. Целта е поуреден и побезбеден сообраќај, а првите резултати ќе се видат во наредните недели.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026

За неполн месец, сопственикот на дискотеката „Пулс“ од Кочани, Дејан Јованов – Деко, ќе излезе од притвор и понатамошниот дел

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026

Средношколците нема да го изучуваат изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“, откако Министерството за образование и наука одлучи привремено да ја

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026

Иако во моментов нема пожари кои се оценуваат како алармантни, опасноста од нивно повторно разгорување и избувнување нови огнени жаришта

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy