
Внимание: „Лидија“ доаѓа
Екстремно опасниот ураган Лидија го погоди пацифичкиот брег на Мексико како бура од четврта категорија и донесе ветрови до 220 км/ч.
Во меѓувреме ослабе на ниво на категорија втора, јавува Би-Би-Си.
Властите во државата Најарит соопштија дека еден маж загинал откако дрво паднало врз комбето што го возел. Ураганот Лидија навлезе во малиот крајбрежен град Лас Пенитас непосредно пред 18:00 часот по локално време како бура од четврта категорија. Околу 21 часот дувале ветрови со брзина и до 165 км/ч, а ураганот се движел со брзина од 28 км/ч во правец исток-североисток. Меѓутоа, како што се приближува на повисоките места, треба брзо да ослабне.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор објави дека повеќе од 6.000 припадници на вооружените сили отишле во земјата да му помогнат на населението.
Делови од брегот на Мексико во Тихиот Океан веќе беа значително поплавени од тропската бура Макс, во која загинаа две лица.
Урагани го погодуваат Мексико секоја година на бреговите на Тихиот и Атлантикот. Сезоната на урагани трае од мај до ноември, а повеќето бури се формираат помеѓу јули и октомври. Сè уште не е познато влијанието на климатските промени врз зачестеноста на бурите, но научниците велат дека зголемувањето на температурата на површината на морето го загрева воздухот над и „храни“ енергија во ураганите, циклоните и тајфуните.
Планетата веќе се загреа за 1,1 степен од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе се зголемат доколку владите ширум светот не ги намалат емисиите.

