Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија мафијашките пресметки се секојдневие, за ниеден случај нема разрешница, на неспособноста на Спасовски нема крај
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија мафијашките пресметки се секојдневие, за ниеден случај нема разрешница, на неспособноста на Спасовски нема крај

09/01/2024

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Македонија, само минатата година, се случиле еден куп мафијашки пресметки и криминални дејствија, од најлош тип, како низ улиците во Скопје, така низ државата, а за ниеден од тие случаи, нема разрешница од страна на неспособниот Спасовски.

„Пукотниците среде Скопје, во Шиша Бар, каде криминалното подземје ги решаваше своите сметки, заврши со мртви и повредени, но полицијата на Оливер Спасовски, нема мрднато со прст во истрагата, а тоа само посочува на тоа дека, тука се вмешани луѓе, кои биле поддржувачи од страна на власта, каде јавноста можеше тоа да го увиди, од многуте фотографии, каде овие криминалци, се сликале со високи функционери на ДУИ и СДС.

Се случи и пукање во најголемиот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол, каде во сред бел ден, повторно се случи пресметка со пукање и повредени, меѓу криминалното подземје во Македонија, а ни во овој случај, се уште нема разрешница, ни уапсени луѓе.

Во случајот со грозоморното убиство на Вања и Панче, се увиде дека полицијата можела и морала да го спречи ова двојно убиство, додека возилото на убиениот Панче се возело со денови низ скопските улици, па со истото возило, убијците да ја киднапираат Вања и потоа да ја убијат. Спасовски ја лажеше целата јавност пред камери, дека возилото не било користено во тие денови, што се потврди како голема лага. Јавноста до ден денес нема одговор.

Се случи и упадот во М-НАВ, каде партиска војска на ДУИ влезе и нападна контролори на летање, додека авиони летаа над македонското небо, а дел чекаа и зелено светло за слетување. Овој случај Спасовски го сфати сериозно откако цел народ стана на нозе барајќи одговори, но заврши со бегство на четворица напаѓачи, а другите четворица, место притвор, беа пуштени дома.

Ова лудило веќе мора да престане, на оваа криминална и неспособна власт, ќе и пресудат граѓаните на следните избори.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42413
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy