Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска!
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска!

04/02/2025

AA

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има.

„Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност.

Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе.

Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на зелено за пешаци.

Дента, наместо во возилото кое го управувал без возачка дозвола, требал да биде во затвор ако судијката Даниела Алексовска Стојановска постепела согласно закон. Па, наместо во поправен дом, возачот кај кој била пронајдена значителна количина на дрога, го испратила во затвор.

Возачот убиец кој ја усмртил младата Фросина Кулакова бил фатен за трговија со дрога и истиот, по ниту еден основ не можел да биде ослободен од затвор и пратен во поправен дом.

Оттука, упатуваме порака до Судскиот совет, конечно да се фати за работа и веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила од затвор возачот убиец.

Исто така, го повикуваме и Јавното обвинителство да отвори истражна постапка за истата судијка и да утврди како и зошто досудила таква одлука.

Обвинителството и судството немаат веќе време за трошење, народот очекува да се фатат за работа и да го спроведуваат законот, па така и да ја оправдаат платата што ја добиваат од парите на граѓаните.

Народот очекува правда и одговорност“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41536
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

16/02/2026

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп,

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со 21 синдикален претставник.

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност, вели

16/02/2026

Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО, во Брисел, каде што оддаваме

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy