Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога се открива криминал или злоупотреба, СДС се вадат дека се загрозува истрагата или дека се злоупотребува настанот
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога се открива криминал или злоупотреба, СДС се вадат дека се загрозува истрагата или дека се злоупотребува настанот

14/01/2024

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција по повод соопштението на СДСМ.

Тие велат дека секогаш кога се открива криминал или злоупотреба, СДС се вадат дека се загрозува истрагата или дека се злоупотребува настанот.

„Испумпувањето на милиони од буџетот преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ неможело да помине без знаење на власта. И кога ВМРО-ДПМНЕ обелодени, тие се вадат дека се попречува истрагата.

Не постои сериозен криминал во изминатите 7 години за кој СДС не кажало дека се злоупотребува настанот и ниту еден не е расчистен. За нив најдобро е сите да молчат и никој да не зборува за криминалот кој го прават.

СДС тврдеше дека се попречува истрагата за случајот со 200 пасоши издадени на криминалци, видовме како заврши со затвор за шалтерските работници наместо оставка на Спасовски.

СДС велеше дека се злоупотребуваат Ласкарци и Беса Транс, гледаме до ден денес нема одговорност од никого.

СДС апелираше да не се злоупотребува случајот со Тетовската болница за на крај кабелот да биде крив.

Кога беа фатени во случајот Онкологија како профитирале на болни пациенти од рак, велеа да не се злоупотребува случајот, и еве 5 месеци никако да има одговорност за било кого, а криминалот е направен, жртви има, одговорност не.

Нема скандал за кој СДС не се брани дека е злоупотреба на настан или попречување на истрага. И нема скандал кој во изминативе 7 години е санкциониран. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy