Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: СДС за време на нивното седумгодишно владеење македонските граѓани ги доведе до просјачки стап
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за време на нивното седумгодишно владеење македонските граѓани ги доведе до просјачки стап

12/01/2025

AA

СДС освен за себе за никој друг не се грижи. Додека високите структури во СДС и на нив блиски луѓе го зголемуваа богатството, народот осиромашуваше. Преку матни тендери елитата на СДС се богатеше, а обичните граѓани мака мачеа како да го поминат месецот, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС за време на нивното седум годишновладеење македонските граѓани ги доведе до просјачки стап. Над пола милион граѓани денот го поминуваа со по 150 денари.

Според официјалните податоци, инфлацијата и скапотијата пред неколку години беше двоцифрена, за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%.

Исто така, кога СДС зборува за трошоци за живот ги потсетуваме какви беа бројките во нивното седум годишно владеење. Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, забележа раст од 9.4 %, а индексот на цените на беше 7.0 %.

СДС, исто така, се тие кои што го зголемија и ДДВ на прехранбените производи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ минатата година ја стабилизираше економијата и после ваквото стабилизирање годинава следи нејзино заживување, кое што ќе доведе до одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните. Така, според проекциите на Народна банка годинава се очекува раст на БДП од 3,3% и дополнително намалува на инфлацијата до ниво од 2,5%.

Друг показател кој покажува дека владините економски мерки даваат резултати се и најновите податоци на Европската комисија, каде што според Индексот за економско расположение, Македонија е меѓу земјите кои 2024 забележа најголемо подобрување на економскиот сентимент. А по истиот овој параметар на доверба на бизнисот и населението во државните политики, во 2021 кога СДС беше на власт, Македонија беше на дното во Европа.

Ова се резултати и проекции засновани на преземените мерки од страна на Владата за стопирање на слободниот пад на економијата и постепено економско заживување, преку реализација на капитални проекти и историски највисокото ниво на странски инвестиции.

Освен ова, Владата активно преземаше мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како зголемување на плати и пензии, ограничување на профитните маржи, намалување на цените на прехранбените производи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
Македонија

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските

12/10/2026
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46120
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА ПОИМ КАКО ВЛЕГЛА ВО БУГАРИЈА!?

12/10/2026

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе се сретне со Ива Михаилова при првата можност, но нагласи дека сè уште

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски ги

12/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата постигнала значајни резултати во економијата и во работата на институциите во изминатите 27 до

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната делница на Коридорот 8

12/10/2026

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, делница долга 12 километри што треба да го поврзе постојниот автопат Охрид –

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy