Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче манипулираат со јавноста
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче манипулираат со јавноста

11/03/2025

AA

Од владејчката ВМРО-ДПМНЕ денеска се јавија со реакција на Фејсбук објавата на лидерот на опозициската СДСМ.

„Денес, Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да манипулираат со јавноста, фрлајќи вина за висината на минималната плата врз Владата на ВМРО-ДПМНЕ, иако многу добро знаат дека токму тие ја оставија државата во економска пустош! 

Ако толку се грижеа за работниците, како што овие денови говорат, зошто СДС како помал коалициски партнер на ДУИ не ги зголеми платите кога бевте на власт? Зошто наместо да ги подобрат условите за работа, власта на ДУИ и СДС се сведе на рекетирање фирми, крадење преку тендери и гушење на приватниот сектор? Наместо зголемување на плати, Македонија доби милионски афери, распродадени државни интереси и уништени институции.  

Се прашуваат зошто денес нема пари за зголемување на платите?

Погледнете во сопствениот џеб!

Функционерите на СДС организираа луксузни забави од стотици илјади евра додека работниците едвај составуваа крај со крај.

Последен таков пример е осмомартовскиот спектакл на Венко Филипче во Струмица, каде што и покрај милионите потрошени пари, народот не даде поддршка. 

Сега СДС се обидува да глуми заштитник на работниците, стоејќи зад синдикати кои сами ги контролира.

Истото го правите и со корумпираниот Судски Совет, со судиите и обвинителите што ја урнаа правдата. Но народот ве прочита – сè што допирате, пропаѓа!  

Наместо популистички мерки и евтини трикови, ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди реален економски раст, стабилизација на државата и одржливо зголемување на платите.

Ќе ја исправиме Македонија од калта во која ја фрливте, а вашата демагогија веќе не поминува. 

СДС повеќе не е партија на народот – вие сте партија на 2%! И само толку ве поддржуваат, бидејќи сите знаат дека сè што организирате, од протести до забави, завршува со 2% поддршка – но 100% криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 24-годишен скопјанец: Физички ја нападнал својата бремена сопруга

18/08/2026
Македонија

Пет активни пожари во повеќе општини, во Старо Нагоричане зафатена

18/08/2026
Македонија

Затвореник побегнал од суд во Струмица за време на пауза

18/08/2026
Македонија

Обвинителството постигна спогодби со осомничените за транспортот на марихуана во

18/08/2026
Македонија

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026
Македонија

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските

18/08/2026
Македонија

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40

18/08/2026
Македонија

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира:

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45084
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 24-годишен скопјанец: Физички ја нападнал својата бремена сопруга

18/08/2026

На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24),

Пет активни пожари во повеќе општини, во Старо Нагоричане зафатена и куќа

18/08/2026

Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13 часот денеска, од кои пет се сè уште

Затвореник побегнал од суд во Струмица за време на пауза

18/08/2026

Затвореник кој бил спроведен од Штипскиот затвор на судење во Основниот кривичен суд во Струмица успеал да избега за време

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy