ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС се фали со лаги, РЕК Битола повторно со Блок 1 надвор од мрежа
„На лагата и се кратки нозете … После помпезните најави и невистини кои се искажани од СДС за успесите во енергетиката, БЛОК1 на РЕК Битола е повторно надвор од мрежа од 23.01.2022 и тоа со скинати цевки на котел. Исто така само за да може да се прави ПР со лаги и фалби, истиот подолго време се експлоатирал и со дефект во кондезаторскиот дел, за да може владините претставници да се сликаат една недела! Колкави штети се направени со ваквото недозволено работење на турбината и на котелот ќе гледаме во следнот период.“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Исто така предупредуваме дека подолго време и БЛОК 2 се експлоатира со недозволени параметри и без посериозни ремонти. Зошто ова се прави и кои ќе бидат последиците ќе покаже времето.
Од извори во ТЕЦ Осломеј потврдено е дека синоќа повторно избило пожар кој вешто се премолчува од страна н авласта. Наместо реална слика во енергетиката, власта излегува со ефтин ПР дека продаваат вишоци, дека сẻ е под контрола и слично.
Ова што го објавуваме е само дел од катастрофата која ја предизвика владата на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор. Неремонтирани постројки, криминални тендери во четири очи, испумпани милиони евра и понижени работници.
Власта не произведува електрична енергија , хидропотенцијалот е на минимум, ПР-от е на максимум, но тендерите во четири очи со „херојски” авансни провизии кои достигнуваат и до милиони евра, течат без проблем во РЕК Битола.
Овој товар на македонската економија e претежок за граѓаните. Само минатата година се вбризгани неверојатни 200 милиони евра во ЕСМ, кој е загубар! За вакво неодговорно управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да си понесат одговорност.“, стои во соопштението.