
ВМРО-ДПМНЕ: Дали со потписот на Артан Груби бугарската мафија влегува на голема врата во Македонија?
Артан Груби, поддржан од Ковачевски, дозволува отворање на 3 онлајн коцкарници, кои ќе бидат во партнерство со државата. Внимавајте – со лиценца која ќе има важност цели 15 години, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
„Огласот кој е распишан овој септември, е така скроен, што нема теорија на истиот да учествува некоја домашна фирма, односно стриктно е наменет за странски фирми.
Дали Артан Груби и Владата, овој оглас го скроиле за бугарската фирма 8888.бг?
Дали на оваа фирма сопственик е озогласениот во бугарското подземје Васил Бошков, т.н. Черепот, добро познат на законот во Бугарија, кој што живее во Дубаи?
Додека народот тоне во сиромаштија, а власта се фали со некакви загарантирани цени, од неколку денари помалку, ДУИ и СДС смислиле уште еден бонбона бизнис, за да се нафатираат за по уште неколку десетици милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.