Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМР-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања, во меѓувреме хаосот во енергетиката продолжува
Македонија

ВМР-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања, во меѓувреме хаосот во енергетиката продолжува

23/01/2024

AA

Потсетување за набавката  на стар блок трансформатор во РЕК Битола.

Додека јавноста беше разбранувана од 400 нови вработувања во ЕЛЕМ пред околу еден месец, вчера следуваше објава за  90 нови вработувања во МЕПСО. Хаотична состојба на нововработени партиски војници, кои освен што ќе земаат плата, нема да придонесат ништо во енергетиката. Доказ дека ссотојбата е полоша од што се очекуваше се прекините во снабдување со електрична енергија деновивие во скоро цела Македонија.

Но, за да остане запаметено колку е лоша состојбата  во енергетиката, да потсетиме на аферата „рачиња во медот“ за набавка на стар Блок трансформатор во РЕК Битола.

Имено, последните две години бевме сведоци на хаваријата на блок трансформатор од блок 2 во РЕК Битола и многуте небулозни објаснувања од владеачката гарнитура за причина на хаваријата и нејзина санација како и за набавка на стар користен трансформатор.

Набавката на користен трансформатор беше пропратена со следното:

Се бараше стар  блок трансформатор со пренос 15.75/420 кВ.

Наместо нов блок трансформатор набавен е стар-користен регулационен трансформатор, кој  во фабрика во Турција е преспоен на фиксен преносен однос, поради неможност на ист преносен однос 15,75/420 кВ.

Како последица на тоа генераторот не смее да работи со номинален напон, туку со намален напон, поради што  блокот не смее да работи со номинален товар, за да не се преоптовари  генераторот и да не се оштети.

Ова е една од причините  зошто блок 2 не може номинално да работи, секако ако се исклучат другите проблеми со неквалитетен увозен јаглен.

Како последица на сето ова се поставуваат неколку важни прашања:

Дали има одговорност зошто е набавен стар користен регулационен трансформатор кој е преспоен на фиксен преносен однос и тој не одговара на номинаните параметри?.

Зошто е купен стар регулационен трансформатор со поголема моќност од потребната?

Зошто не е купен нов блок трансформатор?

Како ќе се објасни превисоката цена за овој стар трансформатор која е повисока дури за 3,5 милиони евра од нов трансформатор?

Каде завршија овие пари?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy