Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Властите ги смируваат граѓаните: Нема истекување на линдан во Охис
Македонија

Властите ги смируваат граѓаните: Нема истекување на линдан во Охис

26/10/2025

AA

По серијата еколошки инциденти што го погодија Скопје и ја подигнаа јавноста на нозе, надлежните институции вчера излегоа со официјално соопштение за да ги смират гласините и загриженоста за можна нова катастрофа од фабриката Охис. Според властите, извршени се мерења кои потврдиле дека нема никакво ново протекување на опасниот пестицид линдан.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека нема никакво истекување на линдан во ОХИС, а истовремено континуирано се спроведува процесот на чистење на линданот од овој поранешен индустриски комплекс.

„Дополнително, во средата, на 22 октомври 2025 година, во вечерните часови, беше спроведен вонреден инспекциски надзор, при што беше утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан или какви било други нарушувања на безбедноста во локацијата на ОХИС.

Паниката кај граѓаните е разбирлива, доаѓајќи по повеќе од еден месец исполнет со сериозни еколошки проблеми во скопската котлина. По пожарот во фабриката за рециклирање батерии во Трубарево, континуираните протести за депонијата Вардариште, хаосот со сметот што доведе до појава на глувци во урбани населби и откривањето на нови диви депонии како онаа во Јурумлери, секое ново сомневање за загадување предизвикува огромен револт.

Вчерашното соопштение имаше за цел да ги демантира шпекулациите дека нешто се случува на најголемата еколошка „темпирана бомба“ во државата.

Надлежните потврдија дека мерните станици и мониторингот околу Охис, каде што се складирани илјадници тони од опасниот пестицид, не регистрирале никакви отстапувања. Според нив, нема докази за какво било ново истекување, пукање на саркофагот или друг инцидент што би го загрозил здравјето на граѓаните.

И покрај ова уверување, Охис останува најголемиот еколошки предизвик за Скопје. Процесот за чистење на историскиот отпад од линдан, кој со децении го труе тлото во градот, се одвива бавно, а вчерашниот демант, иако донесе моментално олеснување, не го решава трајниот страв на граѓаните.

На овие локални избори повторно слушаме од политичарите нови ветувања дека ако победат сериозно ќе се зафатат да го решат прашањето со линданот и Охис.

Што има во Охис?

Над 50.000 тони канцероген отров повеќе од половина век го уништува здравјето на скопјани и ја загадува почвата, водата и воздухот. Македонската стручна јавност веќе одамна знае за проблемот со линданот закопан во кругот на поранешниот хемиски гигант ОХИС (Органско хемиска индустрија – Скопје). Познати се и последиците кои овој отров ги предизвикува врз здравјето на луѓето и животната средина. Но, сите власти од осамостојувањето до сега го игнорираат најголемиот еколошки проблем во државата.

Оваа токсична бомба веќе половина век е закопана на неколку потврдени и непотврдени локации во Скопје. Двете потврдени депонии со линдан се наоѓаат на територијата на поранешната фабрика ОХИС чија внатрешност сега личи како место погодно за снимање хорор филм. Во ОХИС затекнавме напуштени, руирнирани згради, искршени прозорци, расфрлани хемикалии, рѓосани буриња полни со разни токсични супстанци и две депонии со линдан кои на прв поглед со ништо не асоцираат дека во нив се крие канцерогена бомба.

Не се знае колку точно тони линдан во 70-те и 80-те години на минатиот век биле закопани на малата и големата депонија во ОХИС кои потоа биле покриени со земја, но се проценува дека има помеѓу 40 и 50 илјади тони контаминирана почва.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во

25/08/2026
Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри –

25/08/2026
Македонија

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат

25/08/2026
Македонија

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа

25/08/2026
Македонија

8 активни пожари низ Македонија

25/08/2026
Македонија

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026
Македонија

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со

25/08/2026
Македонија

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45252
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре

25/08/2026

Пожарникарите од Кавадарци, поддржани од екипите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), продолжуваат со интензивните активности за целосно локализирање

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри – успехот го прослави со 11-месечното

25/08/2026

Македонската борачка Вероника Консевиќ оствари голем успех на Медитеранските игри, освојувајќи го бронзениот медал во категоријата слободен стил до 57

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат во училишните клупи

25/08/2026

Една недела пред почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека во учебната 2026/2027

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy