Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување
Економија

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

31/10/2024

AA

Владата по забраната на домашните приредувачи на интернет игри на среќа, преку интервенција во „Законот за електронски комуникации“ ќе го забрани пристапот до странските онлајн обложувалници. Измените и дополнувањата се веќе најавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи. Предлогот ќе биде разгледуван од јавноста еден месец по што се очекува да се најде во Собранието.

Предлагач е Министерството за дигитална трансформација, а целта што треба да се постигне е „Регулирање на пристапот до користење на услуги и апликации преку јавни електронски комуникациски мрежи во случај на нелегално приредување игри на среќа“.

– Евидентно е масовното приклучување на нелегални интернет платформи за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од страна на граѓаните, одлив на девизни средства од државата кон странство и не почитување на законската забрана утврдена во член 19 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри којашто ги ограничува нашите граѓани за учество во игри на среќа на странски веб страници за онлајн игри на среќа, коментира предлагачот во најавата на самата платформа.

По она од што претходно го најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се очекува со овие измени и дополнувања преку Агенцијата за електронски комуникации да се забранат странските домејни, кои приредуваат игри на среќа. АЕК ја регулира работата на мобилните оператори во земјата и се очекува ова тело да им наложи на интернет провајдерите во континуитет да обезбедат недостапност на странските платформи за обложување за граѓаните во земјата.

Андоновски рече дека пред еден месец веќе бил одржан состанок со Агенцијата за електронски комуникации, Марнет, претставници на телеком операторите и директорот на АД Државна Лотарија на кој се утврдени чекори како да се справат со нелегалното онлајн коцкање.

– Треба да најдеме методологија како да ги забраниме овие веб-страници во Македонија затоа што нивната нелегалност е јасна, утврдена со Законот, но нивното постоење тука е затоа што тие се регистрирани некаде во светот и лесно се пристапни за нашите граѓани. Имаме методологија, имаме правец, но ќе ми дозволите неколку дена за да излеземе со точни активности кои веќе сме ги преземале. Не сакам да зборувам пред преземањето на активностите, но веќе во Лотарија на Македонија се прават табели коишто утврдуваат кои точно веб-страници се најприсутни и каде најмногу се закачени нашите граѓани, на кои веб-страници најмногу се приредуваат тие нелегални игри на среќа. Страшниот дел е што и многу малолетници се вклучени, рече тој.

Во моментов рече Андоновски тогаш, постојат стотина странски веб страници, но најкористени се две кои се присутни и се користат во земјава.

-Во првата фаза ќе треба да се работи со овие 100 да се забранат, но потоа според дискусијата која што ја имаме со претставниците на Лотарија тоа ќе биде континуиран процес. Значи не може да се направи еднаш засекогаш, туку постојано ќе треба да се ажурира оваа листа и постојано да се информира АЕК и телеком операторите за да нешто се случува за да може после постојано да се движат кон забрана на овие нелегални приредувачи на игри на среќа. Ќе повторам, ако тие беа регистрирани во Македонија ова е кривично дело што го прават, но затоа што се регистрирани во странство не можете да видите кој е точниот приредувач и затоа мораме да одиме со забрана на пристап, подвлече министерот Андоновски.

Со најновата одлука на Владата, за онлајн обложување достапна ќе биде единствено една платформа, онаа на Државната лотарија, сите други ќе мора да престанат со работа. Според информациите, на домашните платформи, на кои со владина одлука им беше забрането да работат, регистрирани биле околу 80.000 илјади граѓани.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното

13/11/2026
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
Македонија

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за

13/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
Македонија

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ

13/11/2026
Македонија

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46764
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае со денови

13/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата

13/11/2026

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на Алта банка и губење на пари

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ Клековски апелира за данок на

13/11/2026

Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy