Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ОБЈЕКТ ВО ВИЗБЕГОВО СО ФИРМАТА „ХЕЈ“ – нејзин сопственик е Јахоски, еве колку вреди
Економија

ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ОБЈЕКТ ВО ВИЗБЕГОВО СО ФИРМАТА „ХЕЈ“ – нејзин сопственик е Јахоски, еве колку вреди

18/09/2024

AA

Владата одлучи да го раскине долгогодишниот милионски договор за закуп на административно-деловен простор што Државната лотарија го склучи со фирмата „Хеј“ во Визбегово, за што е отворена предистрага и надлежните институции испитуваат дали има нерегуларности.

„Владата ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно-деловен простор склучен помеѓу Хеј ДООЕЛ Скопје и aкционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија“, соопштија од Владата по завршувањето на вчерашната седница.

Како што објави Фокус, станува збор за објект со 4 ката и поткровје, лоциран на 7 километри од центарот на Скопје. Првично, друштвото „Хеј“ го купило земјиштето и објектот, а набрзо потоа склучило договор за закуп со Лотарија за 2,6 милиони евра за период од 10 години, односно за месечна кирија од околу 22.000 евра.

Моментално, сопственик на фирмата „Хеј“ е Асмир Јахоски, газда на „Пуцко Петрол“, една од водечките нафтени компании во земјава, која во значителна мера соработува и со државни органи. Тој е син на Исмаил Јахоски, актуелен пратеник на ДУИ.

Инаку, помладиот Јахоски станал сопственик на „Хеј“ лани во октомври. Претходно, компанијата била во сопственост на Армин Машовиќ, кој по промената во сопственичката структура станал управител на друштвото формирано во февруари 2023 година.

За период од неколку месеци, Машовиќ ја формирал „Хеј“, ги купил деловните простории во поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ и потоа склучил договор со Државна лотарија за закуп за сума од над 2,6 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува е нехумано

06/09/2026

Нов пожар попладнево избувна во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец, каде што е зафатена дива депонија. Над местото се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy