Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата издвојува над 54 милиони денари за научни и иновативни проекти
Македонија

Владата издвојува над 54 милиони денари за научни и иновативни проекти

19/07/2025

AA

Науката добива зголемена поддршка од Владата. Преку два јавни повика, Министерството за образование и наука распредели над 54 милиони денари на јавните
научни установи за реализација на научно – истражувачки проекти, како и на
високообразовните установи кои во соработка со бизнис заедницата спроведуваат
проекти од посебен научен и јавен интерес што се во корелација со целите на
Стратегијата за паметна специјализација на Македонија.

Со 23,7 милиони денари ќе се финансира реализацијата на осум проекти со кои осумте
самостојни јавни научни установи, односно институти аплицираа на објавениот повик
на МОН за доделување на средства за поддршка на нивната дејност, која е од висок
стратешки и национален интерес за државата. Конкурсните услови предвидоа
доделување до три милиони денари по проект, а резултатите се објавени на следниот
линк.

Додека, пет научно-истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес кои се
резултат на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната
специјализација на државата ќе се финансираат со 30,4 милиони денари. Конкурсот кој за оваа намена беше објавен, предвиде распределба на средства во висина до најмногу 8 милиони денари по проект, а резултатите се објавени тука.

Министерството информира дека дополнително ќе бидат објавени и резултатите од
третиот јавен повик кој е дел од програмата за поддршка на научно – истражувачката
дејност во Македонија за 2025 година, преку кој ќе се финансираат иновативни
проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и Македонската
академија на науките и уметностите. Секој прифатен проект ќе добие до 8 милиони
денари.

Буџетот за наука во 2025 изнесува 680 милиони денари, што е речиси двојно
зголемување споредбено со буџетот од 2024 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy