Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија
Економија

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

17/07/2024

AA

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, е прелдожен од Владата како нов заменик-министер за економија. На истата седница беа официјализирани и другите предлози за заменици-министри.

Поранешниот новинар Зоран Димитровски, кој до минатата година беше заменик-министер за локална самоуправа, сега ќе биде заменик за надворешни работи и трговија 

Ане Лашкоска, која зад себе има неколку пратенички мандати, ќе биде заменичка на министерот за животна средина и просторно планирање. 

Мирослав Лабудовиќ, досегашен менаџер на инженеринг во странскиот инвеститор Теламон, ќе биде заменик-министер за енергетика.

За заменик-министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили, а  Астрит Исеини за заменик-министер во МВР.

Заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски кој беше министер во техничката влада. 

За заменик-министер во  Министерството за правда се предлага Ален Деребан, а Неждет Мустафа за заменик-министер во  Министерството за односи со заедници.

За заменик-министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков, а во  Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. 

Во Министерството за земјоделство заменик ќе биде Флакрон Беџети, додека Јовица Андовски, кој од 2011 до 2017 година бил заменик министер за здравство, повторно ќе ја преземе истата функција..За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. За заменик-министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими, додека за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

За заменик-министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Во  Министерството за транспорт заменичка-министер ќе биде Калтрина Зеколи Шаќири, а во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy