Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата донесе одлуки за престој на вооружени сили на САД во државава и испраќање на припадници на Армијата за учество на вежби во Турција и Унгарија
Македонија

Владата донесе одлуки за престој на вооружени сили на САД во државава и испраќање на припадници на Армијата за учество на вежби во Турција и Унгарија

09/04/2024

AA

Владата на Северна Македонија, на предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница донесе три одлуки кои се однесуваат за престој на вооружените сили на САД за Европа на територијата на државава, испраќање на припадници на Армијата за учество на вежбата „EFES 24“, во Република Турција и на вежбата „Vigorous Warrior 24” во Република Унгарија.

Како што соопштуваат од прес-центарот на Владата, на седницата Владата ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, заради реализација на вежбата „Swift Response 24“ и донесе ваква Одлука.

– Вежбата, според информацијата од ресорното министерство, е во целосна организација на Вооружените сили на САД за Европа, а ќе се реализира од 24 април до 29 мај 2024 година на Армискиот полигон Криволак. На вежбата е предвидено учество на припадници од Вооружените сили на САД за Европа, со опрема, вооружување, воени и цивилни моторни возила, воздухоплови, беспилотни летала и други материјално – технички средства и изведба на падобрански скокови, одделенски и водни боеви гаѓања, стои во соопштението од прес-центарот.

Како што дополнуваат на седницата се донела одлука и за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „EFES 24“, во Република Турција, во организација на Вооружените сили на Република Турција, а којашто се очекува да допринесе да се надградат стекнатите знаења и да се добијат дополнителни знаења и искуства во доменот на планирање НАТО операции во мултинационална средина.

Донесена е и одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Vigorous Warrior 24” во Република Унгарија. Вежбата, според образложеното, е во организација на NATO Medical Centre of Excelence и на неа, покрај припадници од НАТО членките, е предвидено учество и на претставници од партнерски земји на НАТО Алијансата. Вежбата, како што е посочено, ќе овозможи подобрување на интероперабилноста на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во давање медицинска поддршка при извршување заеднички мултинационални операции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy