Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата ја поништи одлуката за спојување на концесиите за Иловица-Штука, одлуката може да го чини секој Македонец по 2000 евра
Македонија

Владата ја поништи одлуката за спојување на концесиите за Иловица-Штука, одлуката може да го чини секој Македонец по 2000 евра

26/07/2023

AA

Како што најави и министерот Бектеши, ревидираната одлука на Владата, која претходно ги спои концесиите за рудникот за бакар Иловица – Штука, може да предизвика сериозни импликации врз буџетот на државата и да ги задолжи граѓаните за дополнителни милијарда евра доколку компанијата „Еуромакс ресоурсес“ реши да оди на арбитража, објави Плус инфо.

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот „Иловица-Штука“. Тој рече дека поништувањето на одлуката ќе има правни последици за државата.

– Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. Министерството за економија инсистира да се донесе некаква одлука, а што е подобро за интерес на граѓаните ќе покажат времето и аргументите – изјави Бектеши на денешната прес конференција.

Владата на 27 јуни гласаше двете концесии да бидат споени – едната концесија за експлоатација на бакар и злато на локалитетот „с. Иловица“ во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот „Иловица“, но која зафаќа дел и во општина Ново Село.

Како што најави и министерот Бектеши, ревидираната одлука на Владата, која претходно ги спои концесиите за рудникот за бакар Иловица – Штука, може да предизвика сериозни импликации врз буџетот на државата и да ги задолжи граѓаните за дополнителни милијарда евра доколку компанијата „Еуромакс ресоурсес“ реши да оди на арбитража.

Од компанијата претходно истакнаа дека секое непочитување на законските процедури ќе ги принуди да покренат меѓународна арбитража против државата, а евентуалната штета би можела да изнесува најмалку една милијарда евра, без да се вклучат каматите во оваа сума.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор

17/08/2026
Македонија

ГАЛЕРИЈА 34 години Армија на Македонија, бевме на почесна артилериска

17/08/2026
Македонија

Пожар го зафати прилепско Чаниште: Огнот влезе меѓу куќите, спречена

17/08/2026
Македонија

Првa пресудa за 5-те тона марихуана од Македонија во Србија

17/08/2026
Македонија

Случај „Пулс“: Нелегално реконструиран објект без стручен надзор и блокиран

17/08/2026
Македонија

Ангелов алармира: Риболовци палеле оган крај Треска среде сезона на

17/08/2026
Македонија

Пожарот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, зафатени куќи

17/08/2026
Македонија

Дел од бензинските во Скопје не продаваат дизел, го чекаат

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45073
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор кон поголема енергетска независност

17/08/2026

Македонија во септември официјално ќе стане дел од Вертикалниот гасен коридор, најави министерката за енергетика Сања Божиновска. Оваа иницијатива претставува

ГАЛЕРИЈА 34 години Армија на Македонија, бевме на почесна артилериска стрелба

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа почесна артилериска стрелба, со која

Пожар го зафати прилепско Чаниште: Огнот влезе меѓу куќите, спречена е поголема трагедија

17/08/2026

Пожар што изби денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се прошири кон населеното место, зафаќајки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy