Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата, и набавка на 120 еколошки автобуси
Македонија

Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата, и набавка на 120 еколошки автобуси

01/04/2025

AA

На денешната 65 владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за содржината на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година која содржи 11 проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и туризам и Националните установи од областа на културата кои се носители на активностите. Со оваа програма се предвидуваат активности за продолжување со изведување на градежни работи за изградба на нов објект наменет за театар и библиотека во Тетово, изградба на објектот на НУ Турски театар – Скопје и изградбата на Стар Театар во Струмица, се продолжува и со реконструкција на објектот на театарот во Куманово, како и почеток со реконструкција на објектот Ну Музеј на Македонија и почеток со реконструкција – санација и адаптација на објект на поранешно кино Партизан во Битола при НУ Народен театар – Битола. Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Програмата се предвидени во Буџетот на Министерство за култура и туризам за 2025 година во износ од 123.775.000 денари. 

Исто така, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.

Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
Македонија

Маж и жена од Гази Баба физички нападнати од малолетниот

06/09/2026
Македонија

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило

06/09/2026
Македонија

Повредени вработени во ЈП Комунална Хигиена – Скопје

06/09/2026
Македонија

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во

06/09/2026
Македонија

Го пријавила сопругот во полиција, со тврд предмет ја истепал,

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45497
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026

Во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“, денеска во Кавадарци се одржува изложба на ретки олдтајмери од сите краишта на

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за сите

06/09/2026

Од Владата информираа дека лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години од дебито во Јапонија

06/09/2026

Македонскиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески, постигна уште еден голем меѓународен успех настапувајќи на 3, 4 и 5 септември

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy