Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влада: Одлуката на Уставниот суд не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти
Македонија

Влада: Одлуката на Уставниот суд не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти

31/03/2023

AA

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти како што шпекулира дел од јавноста, се наведува во одговорот од владината прес-служба, на прашањето од МИА за оваа одлука.

– Напоменуваме дека досегашното „замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува. Министерството за труд и социјална политика во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење за иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица до Уставниот суд со кое го потврдува ставот на Владата дека законското решение за плати не треба да се менува. Така што, намерата на Владата била и сѐ уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството, наведуваат од Владата.

Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, се вели, Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираа и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања.

– Воедно, апелираме и да не се шпекулира и да се прибегнува кон популистичка реторика и активности, да се разговара реално и со факти, се подвлекува во одговорот од владината прес-служба.

Дополнително, информираат, во моментов се работи на решение за Општ колективен договор и Закон за плати со кој ќе се направи системско решение за платите во јавниот сектор и ќе се обезбеди континуиран раст согласно утврдена методологија.

– Во моментов и минималната и просечната плата како и висината на пензиите е на највисоко ниво досега и ние и понатаму ќе работиме и на зголемување на платите и пензиите, но и на намалувањето на трошоците за живот, со цел да обезбедиме повисок животен стандард за граѓаните. Секој граѓанин треба да живее достинствено и да е му се вреднува трудот согласно квалификациите, обемот и комплексноста на работата која ја работи или работел, информираат од прес-службата на Владата на Република Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy