Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влада: Обезбедуваме прочистувачи на воздух за 49 општини со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух
Македонија

Влада: Обезбедуваме прочистувачи на воздух за 49 општини со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

17/07/2025

AA

Владата на Република Северна Македонија денес потпиша договор со 49 општини за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL, во вкупна вредност од 1.000.000 евра.

„Оваа иницијатива е дел од заложбите за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на последиците од аерозагадувањето, особено во јавните објекти во кои престојуваат најосетливите категории на граѓани, децата и младите. Прочистувачите на воздух ќе бидат инсталирани во основни и средни училишта, градинки и други јавни институции на територијата на 49 општини, идентификувани како најзагрозени според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот за периодот 2022–2024 година.

Прочистувачите од брендот MANN+HUMMEL претставуваат мобилни системи со висока ефикасност, дизајнирани за елиминирање до 99.995% од вируси, бактерии и микроорганизми, благодарение на сертифицирани HEPA H14 филтри според стандардите EN 1822 и ISO 29463. Овие уреди се наменети за употреба во училници, градинки, медицински ординации, болници и канцеларии, каде што овозможуваат континуирана циркулација на прочистен воздух и значително ја намалуваат можноста за ширење на зарази.

Анализата на податоците покажува дека суспендираните честички PM10 и PM2.5 претставуваат најкритична загадувачка супстанца, со измерени концентрации што и понатаму ги надминуваат пропишаните гранични вредности за заштита на човековото здравје. Сепак, благодарение на мерките преземени од институциите на централно и локално ниво, се забележува позитивен тренд на намалување на концентрациите, а на одредени мерни места просечните годишни вредности веќе се под дозволените граници (40 μg/m³).

Владата останува посветена на имплементација на сеопфатната програма за подобрување на квалитетот на воздухот за периодот 2024–2030 година. Успехот на оваа програма зависи од заедничките напори на сите институции, општините и граѓаните“, велат од Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy