ВИЗЕР, ЛУФТХАНЗА И АЕГЕАН ЕРЛАЈНС ПОБАРАА СУБВЕНЦИИ ЗА АВИОЛИНИИ, надлежните ги разгледуваат барањата
Доставени
три барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии до Министерството за транспорт и врски. Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс се компаниите кои доставија документи на јавниот повик објавен за субвенции за нови авиолинии.
– Ве информираме
дека денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски се отворија барањата
за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми,
Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.
На
јавниот повик кој што траеше од 20 декември 2022 година до 26 јануари 2023
година документација доставија три авиокомпании и тоа Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс.
Комисијата
составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши
евалуација на доставените понуди – соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.
Од таму додаваат дека јавниот
повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со
политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.
Целта на финансиската
поддршка во авиопревозот е поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство,
формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно
подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија.
Фактор претходно објави дека Владата планира со пет милиони евра во следните три години да субвенционира авиолетови.