Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА СЕ КУПИ СТАН, НО НЕ ВО МАКДОНИЈА, НАШИОТ СОСЕД ДАВА НЕВЕРОЈАТНИ ПОВОЛНОСТИ: Инвестиција за збогатување
Економија

ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА СЕ КУПИ СТАН, НО НЕ ВО МАКДОНИЈА, НАШИОТ СОСЕД ДАВА НЕВЕРОЈАТНИ ПОВОЛНОСТИ: Инвестиција за збогатување

12/01/2025

AA

Албанија станува топ дестинација за инвестиции во недвижнини
во Европа, а Balfin Real Estate како клучни причини ги наведува значително
пониските трошоци, поволната локација и богатото културно наследство во
споредба со другите земји.

„Цените на недвижностите во Албанија се релативно ниски, што
ја прави атрактивна опција за инвеститорите. Во популарните дестинации како
Грција, Шпанија или Португалија, цените станаа значитрлно високи во последниве години, оставајќи ги
инвеститорите со повисоки трошоци за влез и ограничен потенцијал за раст.
Албанија, од друга страна, нуди пониски точки за влез за инвеститорите кои
сакаат да влезат во растечки пазар во крајбрежните области како што е Валона,
апартманите во Валона нудат одлични можности за инвестирање поради нивната
пристапност и близината до прекрасните плажи, чистото море и живописните
туристички дестинации.

Но, во овој контекст најмногу се споменува Тирана, каде во
последните години цените на закупнината се зголемени и до 58 отсто, што покажува колку е голема
побарувачката за имоти за изнајмување, забележува Инвестропа.

Издавање стан во
центар 360-660 евра

Во 2024 година, населението на Тирана порасна за 1,54 отсто во споредба со претходната
година, што се должи на приливот на иселеници и дигитални номади, привлечени од
пристапниот живот и добрата локација. Овој тренд се очекува да продолжи во 2025
година, така што не е ни чудо што инвеститорите гледаат на пазарот за
изнајмување во Тирана како ветувачка можност.

Цените за изнајмување се зголемени, но се уште се релативно
достапни за поголемиот дел од светот – според Инвестроп, изнајмувањето
еднособен стан во центарот на Тирана е околу 360 евра, а стан со три спални е
околу 660 евра месечно. Што се однесува до купувањето недвижен имот, во центар
квадрат чини околу 1.750 евра, а надвор од центар 920 евра.

„Стапките за изнајмување во Тирана ќе продолжат да растат
бидејќи градот привлекува повеќе млади професионалци. Во последниве години,
побарувачката за изнајмување е зголемена, особено во централните области, со
1+1 станови зголемени за 61 отсто и
2+1 станови зголемени за 45 отсто.
„Главно затоа што Тирана станува културно и образовно
жариште, привлекувајќи бран млади таленти. Технолошката и стартап сцената во градот
цветаат, правејќи технолошки паметни и енергетски ефикасни станови да се бараат
многу“, заклучува Инвестроп, додавајќи:

„Младите професионалци се собираат во овие модерни простори,
зголемувајќи ја побарувачката и цените. Се појавуваат нови деловни области и
простори за соработка, што ја зголемува привлечноста на Тирана”

Странците ги
привлекува луксузниот недвижен имот

Цените на недвижностите во Албанија ќе се зголемат во 2025
година благодарение на економскиот раст и повеќе странски инвестиции,
проценуваат експертите. Ова зголемување, кое се очекува да биде помеѓу 3 и 7 отсто од вредноста во 2024 година,
го прави ова добро време за инвестирање. Од друга страна, се додава дека
албанската влада е подготвена да ги пречека странските инвеститори со даночни
олеснувања и полесни правила за сопственост на имот за нерезиденти. Овие потези
го прават пазарот на недвижности попристапен и попривлечен за меѓународните
купувачи.

Странскиот интерес особено расте во Тирана и крајбрежните
градови, поради потенцијалниот поврат на инвестициите и атрактивноста на
начинот на живот. Со овие фактори во игра, не е ни чудо што Албанија станува
жариште за инвестирање во луксузни недвижнини. Комбинацијата на растечките
цени, владиниот стимул и растечката економија создава совршен момент за паметни
инвеститори.

Зошто Албанија?

Албанија брзо се позиционира како врвна дестинација за
инвестиции во недвижнини во Европа, што се објаснува со голем број фактори.
Географската локација на Албанија нуди значајна предност, служејќи како
стратешки мост меѓу Западна Европа и остатокот од континентот, а сместена
покрај Јадранското Море, таа е порта за различни европски пазари. Нуди
препознатлив спој на традиција и модерност, привлечен за младите луѓе со урбан
начин на живот, а сето тоа со „најдобар сооднос цена-квалитет“.

Затоа туризмот во Албанија расте со извонредна брзина,
привлекувајќи посетители од целиот свет да ги истражуваат природните убавини на
земјата, прекрасните плажи и шармантните градови. Со зголемениот број на
туристи расте побарувачката за краткорочно изнајмување имоти, што не само што
ги поттикнува приносите од изнајмување, туку нуди и значителен потенцијал за зголемување на капиталот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy