
Виктор Стојанов до граѓаните на Пустец: Ќе ви ги одземеме пасошите доколку не се пишете Бугари
Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов им се закани на жителите од Пустец дека ќе им бидат одземени бугарските пасоши, доколку не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија.
Стојанов во постот на социјална мрежа пишува дека треба да мислат бидејќи веќе има еден таков случај.
„До сите жители на Пустец, ако не се пишете како етнички Бугари на пописот, ќе ви се одземат пасошите, а ако сте во процедура за пасош ќе биде прекината. Веќе имаме еден таков случај. Помислете, напиша Стојанов.
Бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации во текот на месецов, а посебно со почеток на пописот во Албанија се активни меѓу Македонците и се обидуваат да ги убедат дека се Бугари.