Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИКЕНДОВ ВО СКОПЈЕ: Воени авиони и хеликоптери, низок лет на патнички авион, суперсонични пресретнувачи MIG-29
Македонија

ВИКЕНДОВ ВО СКОПЈЕ: Воени авиони и хеликоптери, низок лет на патнички авион, суперсонични пресретнувачи MIG-29

13/09/2023

AA

Со голем Аеромитинг во сабота, 16 септември, на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје, ќе биде одбележан јубилејот – 100 години Македонска авијација, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година.

За настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која ќе учествуваат над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од пријатели на клубот од целиот регион.

Аеродромските врати за посетители ќе бидат отворени во 9 часот, а официјалната програма почнува во 11 часот. Посетителите ќе уживаат во акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците ќе го развеат најголемото државно знаме од воздух, а едриличарите ќе презентираат неверојатни акробации.

 

Во програмата предвидено е да има акробации кои се стандардни за аеромитинзи, а свое учество ќе земат и хероите на летните пожари, трите Air Tractor AT-802A Fire Boss на Дирекцијата за заштита и спасување кои ќе летаат во формација, потоа владиниот авион од типот Лирџет 60, полициските хеликоптери и авионот на воените сили Mi-17, а во низок лет ќе лета патничкиот авион Ербас А320 на авиокомпанијата Визер.

Специјални гости ќе бидат авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција. Посебна атракција ќе приредат двата суперсонични пресретнувачи MIG-29 на Српското воено воздухопловство кои исто така ќе биде дел од големиот Аеромитинг.

Влезот на аеромитингот е бесплатен, а паркинг-местата се ограничени. На посетителите од Скопје им се препорачува, наместо со автомобил, на Стенковец да дојдат со бесплатните автобуси кои тргнуваат во 8.30 часот, од пет локации во Скопје: Автокоманда кај ЈСП, Транспортен центар, Ѓорче Петров кај пазарот на вториот кружен тек, Бутел кај Еделпром и салата Борис Трајковски. Автобусите ќе возат во двата правци до 19 часот.

Клубот измина долг пат од своето основање и низ него поминале над 3.000 воздухопловни ентузијасти, пилоти, едриличари, падобранци и механичари. Низ овие години тој изгради силна репутација за воздухопловна безбедност, образование и обука, и обезбеди можности за младите луѓе да продолжат со кариерата во воздухопловството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кавадарчанец си пазарел онлајн со туѓа картичка: Оштетил 60-годишен маж

19/02/2026
Македонија

РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖЕН ДО МАРТ 2031 ГОДИНА

19/02/2026
Македонија

Полицаец без возачка „дивеел“ низ Скопје: Доби кривична пријава, одземање

19/02/2026
Македонија

Маж измамен за над четири илјади евра: Му ветувале социјална

19/02/2026
Македонија

Скопјанец пијан се степал пред маркет во Ѓорче Петров, а

19/02/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација мора да стигне до секој граѓанин

19/02/2026
Македонија

ДОЈДОВТЕ СО АВИОНЧЕТО НА БРАЌАТА РАЈТ? Ми се смеат колегите

19/02/2026
Македонија

Жителка на Дебреше тешко повредена по удар во бандера

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41660
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кавадарчанец си пазарел онлајн со туѓа картичка: Оштетил 60-годишен маж за 232.788 денари

19/02/2026

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.И.(26) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖЕН ДО МАРТ 2031 ГОДИНА Собранието ги усвои законските измени,

19/02/2026

Собранието, денеска по скратена постапка ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, со што рокот за

Полицаец без возачка „дивеел“ низ Скопје: Доби кривична пријава, одземање на службеното оружје и задолжителен

19/02/2026

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy