Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Видевски: Го прашав зошто ја уби Вања, Палевски само ги крена рамениците
Македонија

Видевски: Го прашав зошто ја уби Вања, Палевски само ги крена рамениците

26/03/2025

AA

На претходното судско рочиште, обвинетиот Боре Видевски негираше вина и каква било вмешаност во киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска. Како одговор, денеска обвинителките ги прочитаа неговите два исказа дадени во истрагата во декември 2022 година.

Во првиот исказ од 4.12.2023, Видевски детално опишал како биле извршени двете кривични дела, од планирање до егзекуција. Објаснил дека идејата за киднапирања со цел барање откуп му ја пренел сообвинетиот Велибор Манев, кој му кажал дека таа потекнува од обвинетиот Љупчо Палевски. Видевски признал дека ја прифатил идејата поради финансиски проблеми.

За убиството на Панче, сведочел дека му задал два удари во лицето, по што Велибор го врзал со јаже. На местото на злосторството, во рудникот, слушнал истрел и го видел Палевски со пиштол.

„Го прашав: Зошто го уби?, но тој не одговори“, стои во прочитаниот исказ.

Истото сценарио се повторило и со киднапирањето на Вања. Според исказот, Палевски знаел кога девојката оди сама на училиште, бидејќи за тоа го известил нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски.

На 27.11.2023, утрото, Велибор ја нападнал Вања на излез од лифтот, ѝ ставил трака на устата и ја заканил дека ќе ја убие. Потоа ја ставиле во гепек и заминале кон Бразда, каде, според исказот, Палевски ја ликвидирал.

„Ја спуштивме, беше во вреќа. Слушнав истрел. Го прашав зошто го стори тоа? Тој само ги крена рамениците“, сведочел Видевски пред обвинителите.

Подоцна, заедно со Велибор, го запалиле „Ситроенот“ на убиениот Панче Жежовски и се вратиле во штабот на партијата „Десна“.

Во вториот исказ, даден на 21 декември, Видевски ја потврдил веродостојноста на првичното сведочење, но подоцна изјавил дека сведочел под притисок и физичко малтретирање. На судењето тој во целост ги негираше обвиненијата, тврдејќи дека исказите биле дадени под присила.

Во испрашувањето од судијата Ивица Стефановски, Видевски не даде јасни одговори за однесувањето пред киднапирањето на Панче – зошто клечел и се криел на безбедносните камери, како и зошто во раните утрински часови носел ракавици.

„Ми ги даде ракавиците, не знам зошто ги ставив. Тргнавме да прошетаме, но не знаевме каде одиме, па се вративме“, одговори Видевски.

За овие свирепи злосторства обвинети се и Влатко Кешишев, кој ја однесе полицијата до местото каде што беше закопана Вања, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Досега не се сослушани обвинетите Палевски и Кешишев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy