
ВИДЕО: Вработените во судот во Штип на протест, се жалат земале плата под просечната
Вработените во Судот во Штип денеска излегоа на протест поради незадоволството од извршната власт за третманот кон судската служба.
Тие велат дека над 90% од вработените се уште земаат плата под просечната (во распон меѓу минималната и просечната), додека пак мал дел земаат нешто над просечната.
Вработените бараат зголемување на платите за 30 отсто поради сложеноста на работата, исплата на додатоци на плата најмалку 25 отсто од платата и исплата на додатоците на плата затоа што имало период кога погрешно се пресметувале.