
ВИДЕО Во Индонезија еруптираше вулканот Левотоби Лаки-Лаки
Вулканот Левотоби Лаки-Лаки на туристичкиот остров Флорес еруптираше синоќа по полноќ, исфрлајќи густа пепел на 1,2 километри над својот врв, соопшти локалната вулканолошка агенција.
По ова следеше уште една ерупција во 9:36 часот, според истиот извор.
Властите во неделата вечерта го подигнаа нивото на тревога на максимум за вулканот со два степени, висок 1.584 метри.
„Резултатите од визуелните и инструменталните анализи покажаа дека активноста на вулканот Левотоби Лаки-Лаки се уште е висока“, соопшти синоќа Индонезиската геолошка агенција, предупредувајќи на потенцијалниот ризик од „уште поголема ерупција“.
Жителите на околните градови беа замолени да носат маски за да се заштитат од вулканска пепел, а туристите беа замолени да не се приближуваат до кратерот во рок од шест километри.
Исто така, предупредува на ризик од лизгање на земјиштето во случај на обилни дождови, особено за заедниците лоцирани околу реките што се издигнуваат на врвот на вулканот.
Левотоби Лаки-Лаки веќе неколку пати еруптираше во ноември, кога девет лица загинаа, а неколку десетици меѓународни летови беа откажани. Неколку илјади луѓе потоа беа евакуирани.

