
ВИДЕО Тешка сообраќајка на автопатот Демир Капија-Гевгелија, автомобил превртен на кров…
Тешка сообраќајна несреќа утрово пред 9 часот се случила на автопатот Демир Капија-Гевгелија во близина на Миравци, односно 20тина километри од граничниот премин „Богородица“.
Според првичните информации како што веќе објави 4NEWS.mk станува збор за автомобил кој е на кров на третата сообраќајна лента од автопатот.
На терен е брза помош, полиција и пожарна кои им помагаат на повредените лица. Истрагата ќе треба да утврди кои се причините за несреќата.
Видео: Локално
