
🎥 ВИДЕО СНИМКА ОД АПСЕЊЕТО НА АРТАН ГРУБИ Фатен е при влез во земјава, полицијата му ставила лисици на рацете

Полицијата утрово на граничниот премин Блаце го лиши од слобода Артан Груби.
Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Тој ја напушти земјава пред повеќе од година дена и оттогаш имаше само шпекулации за тоа каде престојува.
View this post on Instagram
Груби, како поранешен прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба во Државна лотарија. Заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека Лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.
УАПСЕН АРТАН ГРУБИ Полицијата го фатила на граничниот премин Блаце
.
