
(ВИДЕО) Словенците раскажаа за драматичните спасувања со хеликоптер во поплавeните подрачја
Во Словенија со повлекувањето на водата се зголемува ризикот од свлечишта.
Во регионите во Словенија полека се санираат последиците, јави Н1. Во Преваљ, разбеснетата река Межа ја „проголта“ куќата на семејството Фужир кое останало буквално без ништо.
„И покрај опасноста, таткото одбива да го напушти загрозеното подрачје и бара сè што може да се спаси – фотографии, спомени“, вели Габријела Фужир Худописк.
Тоне Јамник е жител на словенечкиот град Шкофја Лока. Тој го гледал хеликоптерското спасување на четири лица „заробени“ во куќа во соседството, која се наоѓа речиси точно на сливот на реките Пољанска и Селшка Сора.
„Знаете, и во оваа куќа живее лице со попреченост. Плачев гледајќи го ова. И се прашував како можам да помогнам? Што можам да направам? Што? Апсолутно ништо…“, вели Јамник.
Се очекува во среда погодените подрачја да ги посети претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Шест луѓе загинаа во поплавите во Словенија. Штетите се огромни. Премиерот на Словенија, Роберт Голоб денеска соопшти дека владата на одлучила 14 август да го прогласи за ден на солидарност поради поплавите.
Погодени беа и делови од Хрватска.
фото: EPA-EFE/ZIGA ZIVULOVIC JR

