Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Прва успешна реституција: Вратени 20 украдени македонски икони
Македонија

ВИДЕО Прва успешна реституција: Вратени 20 украдени македонски икони

16/12/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска од Тирана пристигна во Музејот на Северна Македонија заедно со конвојот во кој доаѓаа иконите.

На презентацијата на оваа исклучително сложна и повеќегодишна постапка, на која присуствуваа високи владини претставници како и високи црковни великодостојници, пред јавноста беа претставени 20 македонски икони кои во билатералната соработка на највисоко институционално ниво, денеска беа вратени во Северна Македонија.

-Заврши децениското патешествие на дваесет македонски икони. Ги вративме дома, – со нескриено задоволство изјави министерката Костадиновска – Стојчевска и додаде дека враќањето на овој дел од она што е украдено од нашето непроценливо големо културно богатство, е историски момент бидејќи за прв пат во регионот се случува да биде вратено украдено заштитено културно добро.

Министерката за култура посочи дека долго ќе го памети овој ден, ден во кој имаше чест да бидe дел од луѓето кои го вратија дома она што ни беше украдено, а кое, како што вели таа ,,е наше заштитено бесценето културно добро, кое постојано треба да нѐ потсетува дека мора да сме будни кога го чуваме доброто од лошото“.

-Охрабрена од овој исклучителен гест на пријателска Република Албанија, верувам дека успешно ќе се одвива и просецот на враќање на уште 37 идентификувани икони украдени од македонските цркви и манастири во периодот 2008 – 2013 година. Тоа беа години во кои многу често слушавме за обивање и ограбување на наши светилишта во југозападниот дел од државава, од Ресен до Радожда, рече министерката за култура.

Министерката Костадиновска-Стојчевска пред присутните уште еднаш изрази голема благодарност до Владата на Република Албанија, и премиерот Еди Рама, како и на сите вклучени од двете држави.

Министерката за култура, посебна благодарност изрази кон нашата Работната група, составена од претставниците од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, МАНУ, Националниот конзерваторски центар, Завод и Музеј Битола и Завод и Музеј Охрид, за нивната посветеност, професионалност и стручност за враќањето на ова наше културно наследство.

Премиерот Димитар Ковачевски, изразувајќи го задоволството од историскиот чин рече дека е резултат на политиката на Владата која создаде модел за мултиетничка демократија и дипломатија со која воспоставивме одлични добрососедски односи. „Со дијалог, компромис, взаемно почитување и најтешките предизвици може да се надминат и да отворат нови можности за соработка.Вечерва сведочиме за една таква соработка со нашиот сосед Албанија, иконите украдени во 2013 та година, успеавме да ги вратиме дома“, изјави премиерот Ковачевски.

Интегрален текст од обраќањето на министерката Костадиновска- Стојчевска:

,,Дами и господа,

Ваше Блаженство,

Заврши децениското патешествие на дваесет македонски икони.

Ги вративме дома.

Враќањето на овој дел од она што е украдено од нашето непроценливо големо културно богатство, го креира чувството на посебен момент, би рекла историски. За прв пат во регионот се случува да биде вратено украдено заштитено културно добро. Според расположивите податоци, во светот воопшто исклучително ретко се случува да бидат вратени незаконски изнесените културни добра онаму од каде што се земени.

И од тука, од Скопје, уште еднаш изразувам благодарност до Владата на Република Албанија, на премиерот Еди Рама, како и на мојата колешка министерката Елва Маргарити на која денеска во Тирана и реков дека високо го цениме и со почит го вреднуваме овој чин преку кој ја примаме пораката за нивната почит кон македонското културно наследство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42392
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот нека нè просвети, порачува г.г.

12/04/2026

„Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy