ВИДЕО Преспанското Езеро порасна за 90 сантиметри за шест месеци
По години на пад, водостојот на Преспанското Езеро бележи раст. Според најновите мерења, нивото достигна 841.78 метри надморска висина, што е за околу 90 сантиметри повеќе во споредба со ноември минатата година.
Иако зголемувањето е значајно, експертите предупредуваат дека станува збор за краткорочен тренд. Преспанското Езеро со децении се соочува со сериозен пад на водата, при што во изминатите 60 години нивото е намалено за повеќе од 9 метри.
Езерото, кое се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри, е исклучително чувствително на климатски промени, испарување и користење на водата за наводнување.
Иако актуелниот пораст носи оптимизам, научниците посочуваат дека за вистинско закрепнување се потребни долгорочни мерки и регионална соработка.