Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Премиерот Џафери: На покана на идниот претседател на државата, присуствувавме на првиот ифтар во светиот месец Рамазан
Македонија

ВИДЕО Премиерот Џафери: На покана на идниот претседател на државата, присуствувавме на првиот ифтар во светиот месец Рамазан

11/03/2024

AA

Талат Џафери и Али Ахмети вечерва на гости на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Првиот ифтар во светиот месец Рамазан го направија заедно.

„По покана на идниот претседател на државата, Бујар Османи и неговото семејство, заедно со лидерот Али Ахмети присуствувавме на првиот ифтар во светиот месец Рамазан. Благодарни за поканата, отворениот дом и срце, се потсетивме на моќта на семејството, верата и споделувањето“, напиша на Фејсбук премиерот Талат Џафери.

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 9 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 10 април е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ обвини за чанта од 30.000 долари, сопругата на Ѓорѓиевски

20/02/2026
Македонија

Татко со секира нападнал син во Битола – полицијата го

20/02/2026
Македонија

СО СЕКИРА ТРГНАЛ ДА ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ СИН Приведениот 41-годишен

20/02/2026
Македонија

Македонец во Швајцарија со долг од 82.000 евра, но не

20/02/2026
Македонија

76-годишен неготинец измамен од лице за сума од 4.000 евра

20/02/2026
Македонија

ЈА УДРИЛ „ЛЕНД РОВЕР“ ДОДЕКА ТУРКАЛА ВЕЛОСИПЕД Тешко повредена 77-годишна

20/02/2026
Македонија

Канабис од Струмица, транспорт преку Свети Николе до Србија –

20/02/2026
Македонија

Нова техничка опрема за МВР: Камери, софтвери и специјални возила

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41710
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ обвини за чанта од 30.000 долари, сопругата на Ѓорѓиевски демантира: Купена е за 944

20/02/2026

Соопштение на СДСМ предизвика нова политичка полемика откако партијата обвини дека сопругата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се појавила на

Татко со секира нападнал син во Битола – полицијата го уапси!

20/02/2026

На 19.02.2026 во 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.В.(41) од Битола поради

СО СЕКИРА ТРГНАЛ ДА ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ СИН Приведениот 41-годишен битолчанец дивеел и во полициска

20/02/2026

41-годишен битолчанец е приведен откако со секира го нападнал сопствениот син, а потоа направил инцидент и во полициска станица. Според

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy