
(ВИДЕО) ОКОЛУ НЕА ЛЕТАА ГРАНКИ: Жена од Загреб се заблагодари на луѓето кои ја спасија додека беше прикована за знак
Снежана Фајфар, жена во Загреб ги бара хероите кои ја спасиле од невремето.
Taa беше закачена на патен знак додека околу неа летаа гранки од дрвја и дуваше силен ветер.
„Утрото потоа… кога веќе има видео снимено од сосед, имам потреба да му се заблагодарам на случаен минувач кој случајно се нашол таму бидејќи не можел да оди понатаму поради паднато дрво и канделабра што му го попречила патот. На само чекор од влезот во зградата, бев прикована на патниот знак додека летаа гранки наоколу, дуваше силен ветер и врнеше дожд. Тие несебично ми пријдоа на помош и ме извлекоа од ужасот. Им благодарам уште еднаш од срце. Фала, непознат човеку, ја отвори вратата од автомобилот и излезе во тој налет на ветрот. Благодарение на тоа двајца луѓе можат да слават нов роденден бидејќи без нивна помош немаше да издржам. Ви благодарам добри луѓе 10.000 пати“, напиша таа.
Во регионот има повеќе жртви во невремето кое беснееше деновиве.
Синоќа во невремето во Србија загинаа тројца луѓе. Третата пријавена жртва е од Бачка Паланка.
фото принтскрин