
ВИДЕО: Новороденче во егзодусот на етничките Ерменци од Нагорно-Карабах
Новороденче е меѓу повеќе од 13.000 етнички ерменски бегалци кои избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија.
Тимот на Радио Слободна Европа разговараше со мајката на двенеделниот Аветис, кој првите денови од животот ги помина во подрумско засолниште во градот Мартекерт, кој Азербејџанците го нарекуваат Агдере.
Азербејџан ја врати контролата врз Нагорно-Карабах откако започна офанзива на 19 септември.