
(ВИДЕО) Млада девојка седна во скут на постара жена во автобус во Белград затоа што ја болеле нозете
Две жени се скараа за место во градски автобус во српскиот главен град Белград, при што помладата седна во скутот на постарата жена и не сакаше да стане.
Во автобусот имаше расправија. Друга жена се понуди таа да го отстапи своето место за младата девојка да седи, но таа не сакаше. Жената во чиј скут седеше девојката, ги замоли другите да сликаат за да можат да видат другите што се случува. Младата девојка се правдаше дека ја болат нозете. Видеото поттикна многу реакции од граѓани кои се згрозени од случката.
