Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) Косово го забрани увозот од Србија, а Србите велат дека уапсените косовски специјалци биле вооружени до заби
Регион

(ВИДЕО) Косово го забрани увозот од Србија, а Србите велат дека уапсените косовски специјалци биле вооружени до заби

14/06/2023

AA

Косово и Србија имаат различни верзии за настанот кој се случи денеска во централна Србија. 

Белград тврди дека косовските специјалци навлегле длабоко на територијата на централна Србија, а Приштина обвинува дека станува збор за киднапирање што се случило на косовската страна од границата.

Владата во Приштина одлучи попладнево да го забрани влезот на секој вид стоки од Србија. 

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља го обвини Белград дека го прекршува „секој договор и секој принцип на меѓународните норми“ и го повика меѓународниот фактот да го зголеми притисокот врз Србија за да ги ослободи косовските полицајци. 

„Сакам да ве информирам дека на 14.6.2023 год. во 12:38 часот во административната зона длабоко на територијата на Централна Србија, антитерористичката група МУП лоцирала тројца припадници на косовската полиција. Тие биле во патувачка воена опрема, имале три автоматски пушки, муниција, мапи и ГПС. Со возило „дачија“ стигнале до административниот премин, го оставиле возилото и продолжиле пеш преку граница, каде што биле лоцирани и уапсени. Местото на апсењето е во општина Рашка, на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија. Србија е сериозна земја и членовите на МУП не биле блиску до административната линија и не ја прекршиле резолуцијата 1244, ниту пак презеле некаков незаконски чин. Полицијата ќе ја продолжи истрагата во соработка со обвинителството“, рече генералниот секретар на српското МВР, Жељко Бркиќ.

На видеото од апсењето може да се види како српските полицајци ги спроведуваат уапсените косовски специјалци со зборовите: „Долу глава, долу главата“.

За акцијата бил информиран и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Hapšenje Kurtijevih specijalaca pic.twitter.com/Iz3wCR0gfC

— Arsil (@arsagarson) June 14, 2023

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
Македонија

СО ПЛОВЕЧКИ ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА

10/04/2026
Македонија

ВИДЕО Преспанското Езеро порасна за 90 сантиметри за шест месеци

10/04/2026
Македонија

УАПСЕНА ТИНЕЈЏЕРКА ЗА НАПАД ВРЗ ЖЕНА Викнала другарки и заедно

10/04/2026
Македонија

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе

10/04/2026
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42357
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО ВМРО-ДПМНЕ Мета му се заблагодари

10/04/2026

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, во интервју искажа

СО ПЛОВЕЧКИ ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО Прв ваков проект

10/04/2026

Преку производство на сопствена струја од пловечки фотоволтаици ќе се наводнуваат обработливите земјоделски површини преку акумулацијата Паљурци, но и повторно

ВИДЕО Преспанското Езеро порасна за 90 сантиметри за шест месеци

10/04/2026

По години на пад, водостојот на Преспанското Езеро бележи раст. Според најновите мерења, нивото достигна 841.78 метри надморска висина, што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy