
ВИДЕО „Истрага до 2038?“ – Семејствата бараат одговорност за трагедијата во „Пулс“
Денеска во Кочани се одржува протестен марш на семејствата на загинатите во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ каде што загинаа 62 лица, а над 150 беа повредени.
На транспарент кој го носеа блиските на семејствата пишуваше:
Пулс 2012-2025 година
Истрага 2025-2038 година
Судење 2038 година?????
Присутните на маршот прашуваат „колку животи треба да се изгубат за да се подигне свеста“?