(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Пратеник со Уставот гаѓаше министер
Инцидент се случи во Српскиот парламент каде пратеник гаѓаше министер со Уставот.
Пратеникот Александар Јовановиќ Ќута од „Еколошко востание“ ја фрли Збирката на правилници кон клупите каде што седеа членовите на Владата на Србија во Народното собрание. Тој сакаше да го погоди министерот Aлександар Мартиновиќ.