
(ВИДЕО) Граѓаните во Хрватска се качуваат на повисоките катови за да се спасат од надојдената вода
Цели градови се под вода во Хрватска, а луѓето се качуваат на куќите за да се спасат. Жителите чии куќи се најзагрозени се евакуирани.
Врнежи од дожд предизвикаа излевање на реката Зрмања која тече во хрватскиот град Обровац, како и излевање на реката Отуча во општина Грачац. Испратени се пожарникари, припадници на Хрватската служба за спасување и Државната интервентна единица со чамци за евакуација, објави Н1. Наставата во Обровац, денеска не се одржа, затоа што училиштето е поплавено. Делови од градот се под вода, а во други делови нема струја.
Во Грачац, десетици луѓе се качуваа на повисоките катови од објектите поради надојдената вода. Во наредните денови се очекуваат уште врнежи. Исто ќе биде и во регионот. Можна е ерозија и поплави. Периодов имаме временски услови кои потсетуваат на есен.
U tijeku evakuacija ljudi na području Gračaca zbog poplava! @HrvatskaGSS @N1infoZG pic.twitter.com/0iFdNSGW5Z
— Tea Blažević (@blaTeabla) May 14, 2023
Фото: Н1

