
(ВИДЕО +ФОТО) СОБОРЕНИ ДРВЈА И ПОПЛАВИ ВО ХРВАТСКА: Кран падна врз згради во Пореч
Невреме ја зафати Хрватска, при што кран падна врз згради во Пореч. Тој падна врз две станбени згради. Граѓаните јавуваат дека виделе и пијавица. Во Меѓумурје силниот ветер соборил дрвја, а оштетени се и покриви.



Истарската полиција соопшти дека немало поголеми потешкотии во сообраќајот, но во текот на ноќта се случиле пет сообраќајни незгоди. Едно лице е тешко повредено.
Поплавени се Фажана, Ровињ, Врсар, Умаг. Врсар е поплавен, шеталиштето и патот се под вода, а државниот пат ДЦ75 меѓу Новиград и Пореч на мостот Антенал е затворен за секаков сообраќај поради високото ниво на морето.
Скоро идентична глетка е забележана денеска во неколку истарски градови покрај морето, па на шеталиштето во Ровињ граѓаните биле сведоци на излевање на морето или поплавување на центарот на градот.
Нивото на водата на плимата во Бакар, го надмина средното ниво на морето за 107 сантиметри. Тоа е еден од највисоките водостои забележани од 1929 година.
foto Istra -Terra Magica

