ВИДЕО Душко спаси дете во Германија: Маж се обидел да го одвлече во комбе, а потоа следува херојски потег!
Германските медиуми јавуваат за драмата што му се случила на малолетник на пат кон училиште во Боблинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, пренесува „Билд“. Еден маж се обидел да вовлече 10-годишно момче во своето комбе, но за среќа минувачите виделе се и успеале да го спречат киднапирањето.
Според полицискиот извештај, се се случило во средата во 8 часот на улица во јужниот дел на градот, додека момчето одело на училиште.
„Билд“ пишува дека има видео на кое се гледа комбето, во кое мажот сакал да го влече детето. Станува збор за темно сив Volkswagen T5, а задните стакла се обложени со сребрена основа, така што ништо не се гледа.
Двајца минувачи слушнале повици за помош, а полицијата тврди дека го извлекле момчето од комбето и го задржале осомничениот додека не дојде полицијата. На видеото се гледаат двајца мажи во работни одела како разговараат со полицијата пред багерот, но не се знае дали тие се хероите кои го спасиле малолетникот.
Полицијата врши увид додека 51-годишниот е во притвор. Тој утре ќе биде сослушан од судија, пренесува „Јутарњи лист“.
Душко Вукобрат, роден во Книн, објави видео на Фејсбук откако го спаси момчето, тврдејќи дека тој и неговиот колега спасиле два млади животи.