
ВИДЕО ДРОН Каде моментално има најдолга колона возила низ Скопје?
Петок значи крај на работната недела и почеток на викенд. Но крајот на работното време не е последниот предизвик со кој треба да се соочите.
Километарските колони низ скопските булевари се последниот чекор до почеток на викендот. Кога ќе се пробиете низ нив, можете да речете „конечно викенд“.
До тогаш, подледнете и сами оценете која километарска колона на кој булевар во Скопје е најдолга.
Дрон видеото е од редовната рубрика на новата Вистинска телевизија, која во соработка со „Македонија на дланка“ секој петок во 16 часот и 10 минути емитуваат во живо кадри од дрон на различни локации низ Скопје.

