
(ВИДЕО) АЛБАНИЈА: Чешки научници го открија најголемото подземно термално езеро во светот
Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот.
Додека ја мапираа областа, во близина на грчката граница и ја следеа пареата од бројните загреани извори, научниците открија бездна длабока 100 метри. На неговото дно, го пронашле езерото, кое е долго 138 метри, со широчина од 42 метри а може да собере 8.335 кубни метри топла вода, објави албанската државна агенција АТА.
Тим чешки научници, во јужниот дел на Албанија, го открија најголемото подземно термално езеро во светот и го именувале „Нејронско Езеро“, по фондацијата „Нејрон“ што ја финансирала експедицијата.
Тимот го предводел чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневал дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер.
Откритието дојде по неколкугодишно истражување во долините на планинските погранични области меѓу Грција и Албанија, во сложени подземни услови.
foto Youtube / Nadace Neuron