Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вест Хем убедливо, Базел со пресврт во продолженија заработија полуфинале! (ВИДЕО)
Спорт

Вест Хем убедливо, Базел со пресврт во продолженија заработија полуфинале! (ВИДЕО)

20/04/2023

AA

Вест Хем и Базел им се приклучија на Фиорентина и АЗ Алкмар меѓу најдобрите четири екипи во Конференциската лига на УЕФА, на сосема различен начин, во своите веечерашни реванши.

Вест Хем со убедливи 4-1 го совлада Гент и дозволи само кратко во мечот да има неизвесност, откако првиот меч, во Белгија заврши со 1-1. Тензични беа десетина минути во првиот дел, во кои Гент водеше, по погодокот на Кауперс во 26-тата. Сепак, Антонио го изедначи резултатот, само како најава за голеадата во второто полувреме, под која се потпишаа Пакета од пенал, Рајс и повторно Антонио.

Затоа Базел мораше да мине низ вистинска драма за да ја елиминира Ница со 2-1. Клубот од азурниот брег на Франција поведе уште во деветтата минута, со голот на Лаборд и го чуваше тоа водство се до 86. минута, кога Огустин го крена швајцарскиот претставник. Ремито 1-1 беше доволно за продолженија, бидејќи првата пресметка заврши со 2-2. Стимулиран од израмнувачкиот гол, Базел одигра подобро од почеток на продолженијата и уште во 98. минута се стави во пол-позиција, преку голот на Адамс.

Во полуфиналето, Вест Хем ќе игра со АЗ Алкмар, кој вечерва дури по изведувањето пенали го мина Андерлехт, а Базел ќе оди на Фиорентина, која загуби од Лех Познањ со 2-3, но поради победата од 4-1 во првиот круг продолжи понатаму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy